Што смислил Мицкоски

Што смислил Мицкоски
13.09.18   15:31

Прочитано : 1,231

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“

На Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ одамна им истече времето. Што и да смислат, тешко ќе ја оправдаат вчудовидувачката неодлучност и партиско калкулантство за најзначајната определба од независноста на Македонија. Историски чин за европската припадност на Македонија за што не смееја да мислат ни еден ден.

Веќе е сосема извесно дека парламентот нема да испрати заеднички проглас на сите народни претставници до граѓаните на Македонија да излезат на референдумот и да гласаат за европска Македонија.

Таков проглас, кој ќе останеше запишан во историјата, мораше да биде стокмен со соодветна содржина примерна на големината на најзначајниот настан во историјата на независна Македонија. Обраќањата на овој начин до граѓаните со назнака дека тие ја одредуваат иднината остануваат врежани во колективната меморија и на сегашните и на идните генерации.

Таков еден фундаментален документ, кој ја одразува определбата на огромното мнозинство граѓани, без оглед на нивната национална и верска припадност, мораше да биде усвоен едногласно од сите пратеници и прифатен од сите релевантни политички партии и политички лидери. Тоа ќе беше вистински потег кој ќе ја покажеше државотворноста и на политичарите и на граѓаните.

Целата колумна на „Независен“ на следниот линк.

  Категории: