Што порача Мицкоски и како го доживеа јавноста?

Што порача Мицкоски и како го доживеа јавноста?
12.09.18   17:06

Прочитано : 966

Print This Article
Mickoski

Од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, како политичар кој претендира да стане премиер на државата се очекува јасен став за референдумот закажан на 30.септември, а пред новинарите има должност да одговори на прашања, бидејќи тоа е во полза на информирање на граѓаните.

Ова е заклучокот кој се добива од реакциите на социјалните мрежи по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа при соопштувањето на ставот на партијата за референдумот.

Познатиот новинар и колумнист, Сашо Кокаланов, во својата колумна под назив „Ти си знаеш“, го критикува Мицкоски за својот говор, притоа најмногу за барањето ТВ-дуел со премиерот Зоран Заев.

„Најголем цинизам на синоќешниот прес на Мицкоски, сепак, не беше тоа што го зацементира немањето став за референдумот, туку што го повика опонентот Зоран Заев на ТВ-дуел за темата за која немаат став. Не знам што ќе одлучи Заев, ама треба да е будала да прифати да учествува во акцијата „Лето за Македонија“ сега кога таае завршена. Што има да се убедуваме, допрва, кога веќе сте одлучиле да немате став? ТВ-дуел на Мицкоски со поддржувачите имаше логика кога ВМРО-ДПМНЕ се уште немаѓше одлучено што ќе прави, сега е тотално бесмислено“, пишува Кокаланов.

Пораките под Фејсбук објавата на Мицкоски, пак, од партиските поддржувачи, најчесто се со порака дека од него сфатиле дека треба да бојкотираат. Но има и такви кои му замеруваат дека немал храброст самиот да повика на бојкот на референдумот.

Најразочарани од синоќешниот настап на Мицкоски се сепак новинарите кои со часови го чекаа да го соопшти ставот од партиската говорница, а одбегна да одговори на новинарски прашања, нешто што беше практика на неговиот претходник, Никола Груевски.

Новинарката Фросина Димоска од Радио Слободна Европа, по прес-конференцијата на опозицискиот лидер, на Фејсбук напиша:

Новинарот Фуркан Салиу од ТВ 21 пак, вели:

Новинарката Зорана Гаџовска Спасовска пак, реагира дека и Мицкоски е лидер кој не сака да одговара на новинарски прашања.

Најголемата реакција за Мицкоски сепак доаѓа од потпретседателот на партијата, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во изјава за порталот МКД, Јанчев вели дека не присуствувал на извршниот комитет вчера вечер, но неговиот став не е исти со оној на партијата.

„Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не и личи на партијата“, вели Јанчев.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на референдумот соопштен синоќа, доаѓа на неполни 20 дена пред одржувањето на референдумот.

  Категории: