Што остана уште во Северна Македонија да се пали?!

Што остана уште во Северна Македонија да се пали?!
7.10.19   21:35

Прочитано : 543

Print This Article

Чудно !. Народов наш некогаш не греши. Мудар е тој. Ќе трпи, трпи и кога на спствената кожа ќе го доживее, тогаш ќе каже.Отворено. И нема да згреши. „Од „џамче“шумски пожар не се пали!“. Да, токму така.Така вели народецот. „Погана“ човечка рака пали. Полоша од неа нема. Но, шумските пожари стивнаа. Каде се сега?. Каде се?. Ги нема!

Злобниците се уморија или „кибрити“ снемаа. Или, оние што им наредуваа , да ја горат душата на Северна Македонија, си ја „завршија“ работата. Не, не. Народот не греши.Народот точно знае дека Господ не ја запали шумата во скопско, велешко, кочанско, прилепско, тетовско, струмичко и каде ли не. Се знае партиски војници ја запалија. Изроди, кои за жал, од овие или оние причини, останаа непознати. Ги скрија. Ги нема никаде. Но, нивните огнови проголтаа илјадници хектари . Господ да ги казни.

Заевисти од СДСМ, Мицковисти од ВМРО-ДПМНЕ и челници од другите партии, што им дадовте „ќибрит“ на „послушниците“, и греота и срамота е. Обвинувајте се, надмудруваате се мо виновни сте. Никои не велите дека е виновни. А зошто?. Со палењето на „душата“ на Северна Македонија ли сакаа гласови и влас да добиете?. Но, заборавивте на кого „господари“ ќе бидете? .На голите планини?.На земјата без шума. Без душа. На кого. „Козата не му умре на комшијата туку умре комшијата“. Господ нека ни ја прости вековната дабова и букова македонска шума, вели народот.

Што сега. Не остана веќе ништо од неа за горење. Што ќе се пали наредната година?. Избори ќе бидат. Со што ќе се „лаже“ народот да гласа за едните или другите . Со што ќе им велат дека едните се подобри од другите. Најдобро е сами да се запалат. Да изгорат до последен. Белки, оние што ќе останат, ќе ги изберат најдобрите.

Но, дали ќе остане некој?. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ народот ви ја „откри“ играта. Доста палевте. Доста. Зашто и да сакате да палите не остана ништо. Се изгоревте. Нема што да палите. Неможете повеќе да го лажете народот. Тој добро знае дека „од џам шумски пожар небива“. Знае дека вие сте виновни. Вашите војници и ја изгоревте душата на Северна Македонија. Каде сте сега?. Останаа уште стрништата. Не се плашете од земјоделците. Тие си ја сакаат и земјата и шумата. Тие нема да ја палат.

Но, вас, повеќе народот, не ви верува. Вели доста го лажевте. Не ви веруваат и дека ќе направите се да насадите нови шуми. Знаат дека повторно ќе ги излажете. Огновите во Северна Македонија ги нема. Си заминаа. Не остана шума. Потпалувачите се изморија,.„Ќибритите “ ги потрошија. Ќе чекаат нови наредби, Што остана уште да се гори во оваа наша Северна Македонија!?.

Стоилко Андреевски

  Категории:
view more articles

Актуелно