Штипските таксисти бараат зголемување на цената за 10 до 20 отсто

Штипските таксисти бараат зголемување на цената за 10 до 20 отсто
21.10.19   16:31

Прочитано : 79

Print This Article

– Здружението на штипските таксисти побара од Советот нa Општина Штип да се зголеми цената на такси услугите од 10 до  20 отсто. Претседателот на Здружението на такси превозници од Штип, Глигорчо Арсов нагласи дека барањето е доставено, во него се бара стартната цена во текот на денот да е 60 денари, а секој изминат километар дополнителни 25 денари, додека за ноќните возења од 22 часот стартната цена да изнесува 80 денари и секој изминат километар 25 денари.

-Барањето е резултат на минатите неколку години, бидејќи сите основни трошоци за вршење на такси превоз ни се зголемија, веќе над 100 отсто. Се зголемија цените на нафтените деривати, на резервните делови, а пораснаа и личните доходи и минималните плати, изјави Арсов.

За жал, посочи, штипјани се зависни од такси превозот, бидејќи немаат градски превоз. Како што рече, граѓаните во текот на ноќните часови тешко можат да најдат слободни такси возила, од причина што бројот на такси возачи е драстично намален.

 

  Категории:
view more articles

Останати вести