Шилегов: Стопирана изградбата на Панорамското тркало, среќа што не е платено, ќе заштедиме граѓански пари

Шилегов: Стопирана изградбата на Панорамското тркало, среќа што не е платено, ќе заштедиме граѓански пари
4.12.17   15:22

Прочитано : 305

Print This Article

Стопирана е градбата на Панорамското тркало. Градот Скопје нема потреба од него и имаме среќа што не е платено, па барем ќе заштедиме граѓански пари. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– За остатокот од објектите во коритото на реката Вардар, како што веќе ја известив јавноста, дел од постапките и процедурите се одвиваат внатре во градската администрација и бараме мислење и соработка од други надлежни органи. За нас е приоритет безбедноста на Скопје, рече Шилегов.

Шилегов појасни дека договорот со градежната фирма ДГ „Бетон“ АД Скопје е сторниран, а за позициите кои, како што рече, досега се изведени, како и за се во „Скопје 2014“, „Бетон“ е навремено платен.

– Натамошната фаза на договорот предвидува поставување на тркалото, што сега засега е сторнирано, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник информира дека во тек е правната постапка за галиите и најави оти во претстојните неколку дена надлежните инспекциски органи на Градот ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види нивната усогласеност со владините решенија, па ќе се преземат следните чекори.

Прашан дали ќе има дислокација на спомениците од проектот „Скопје 2014“, Шилегов рече дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуваат протокол за, како што рече, тие случувања.

  Категории: