ВИДЕО: Шилегов „на мегдан“ со граѓанските активисти

ВИДЕО: Шилегов „на мегдан“ со граѓанските активисти
11.06.19   23:24

Прочитано : 396

Print This Article
silegov

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денеска се соочи со граѓанските активисти од  инцијативата „На мегдан“. На средбата, Шилегов одговори на прашања на граѓаните поврзани со запуштените објекти во градот, за кои истакна дека би можеле да станат центри за алтернативна уметност или конгресни центри.

-Една од работите за кои се имам распрашувано кај скопското сајмиште, мислам дека ќе биде добар мини конгресен центар или центар за алтернативна уметност како што имаат многу од градовите низ Европа, за жал тие се со нерегулирани имотно правни односи за да може да влезе градот како таков во тој простор, истакна Шилегов.

<imgsrc=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2019/06/sterjova.png” alt=”” width=”666″ height=”354″ srcset=”https://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2019/06/sterjova.png 760w, https://1tv.mk/wp-content/uploads/2019/06/sterjova-300×159.png 300w” sizes=”(max-width: 666px) 100vw, 666px”>

Една од организаторите на настанот, Ирена Стерјовска смета дека „на мегдан“ ќе ја доближи врската на комуникација меѓу граѓаните и функционерите и ќе ја врати довербата во институциите.

-Во однос на импактот на инцијативата, еден од основните принципи и повод зошто се случува оваа иницијатива е да го деформализираме односот меѓу граѓаните и функционерите. Живеевме во време кога граѓаните немаа пристап до функционирте кои се од нив избрани, а тие треба да прашуваат во однос на работењето на функционерите. Kако граѓани треба да се позанимаваме со враќање на довербата во институциите, рече Стерјова.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести