Шекеринска: Законот ќе ги дефинира кривичните дела за кои нема да важи амнестијата

Шекеринска: Законот ќе ги дефинира кривичните дела за кои нема да важи амнестијата
14.12.18   21:26

Прочитано : 66

Print This Article
шекеринска

Гостин во Отвореното Студио 1 гостин беше Радмила Шекеринска, вицепремиер и министер за одбрана на Република Македонија која даде објаснување за актуелниот закон за амнестија.

„Законот не влегува во намалување и зголемување на казните, туку ги дефинира кои се тие кривични дела за кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и судија ќе ги осудува тие кои смета дека се организатори и починители на насилство врз основа на неколку дела. За нив има сериозни казни. Ако ја игравме така играта немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април. Кога дискутиравме во јули месец за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за генерална амнестија за предметите од СЈО, мојот став и тогаш и денес е ист дека за 27 април каде што бевме првите и главни жртви, јас се чувствувам дека имам кредибилитет  да кажам како жртва подготвена сум да простам и поддржам таков закон. Мислам дека имаме право да одлучиме на таков начин, но кога ги анализирам предметите на СЈО и бомбите тие злоупотреби, тој криминал, насилие, не бевме ние жртви, сите бевме жртви, цела држава“, рече Шекеринска

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести