Шаторите на „Македонија блокира“ се украдени, велат од движењето

Шаторите на „Македонија блокира“ се украдени, велат од движењето
25.12.18   10:46

Прочитано : 620

Print This Article

Од движењето „Македонија блокира“ велат дека шаторите кои беа поставени пред Собранието се украдени. Утринава без нивно знаење екипи на градското комунално претпријатие го отстранија кампот и го раскреваат шутот. Од „Единствена Македонија“ си ги бараат шаторите кои се во нивна сопственост и посочуваа дека пријавиле во полиција поставување на камп до 31 декември годинава.

 

-Го пријавивме кампот до дочекот на Нова Година. Имавме разбирање и претходно ги поместивме шаторите на тротоарот и во паркот, за да не бидат на улица и да можат возилата слободно да се движат, да не страда народот и никому да не му сметаат. Од утринава шаторите ги нема. Поради тоа пријавивме кражба во полиција – велат од „Единствена Македонија“, јавува фокус.мк.

Од таму додаваат дека кампот бил отстранет по наредба на градските власти, а со асистенција на полицијата.

-Ако не ги вратат шаторите ќе тужиме за кражба. Освен тоа ќе дадеме наредба до сите општински комитети да се блокираат градовите, бетер ќе направм, да видам колку полицајци ќе ангажираат – додаваат од таму.

  Категории: