Шахти и карантини

Шахти и карантини
16.08.19   15:09

Прочитано : 2,030

Print This Article

 

Битолчанец го враќал сонцето од Кутлеш на шахтите. Конечно некој ќе нѐ „спаси“. Браво. Се фрапирав пред некој ден кога медиумите хорски воскликнаа: „Се отстранува сонцето од Кутлеш од шахтите!“ Не ме вознемири тоа што се отстранува од шахтите. Се срамам што воопшто се најдоа таму и останаа цела деценија.

Надлежните за јавниот простор мора да биле големи патриоти кога во новото античко Скопје таму му го најдоа местото на сонцето од Кутлеш. Тоа „славно“ заврши на метални капаци за шахти и меѓу градските бекатонки, за да биде газено секој ден со крупни „патриотски“ чекори, да биде почестено со фрлени гуми за џвакање, догорчиња, плуканици и удостоено со тоа што токму под него ќе течат сите наши фекални или отпадни води.

Мора многу нешто да не е во ред со нас, ако ваквиот третман на сонцето од Кутлеш го сметаме за почит кон симболот или уште повеќе – за врвен патриотизам.

Но, еве, демагогијата не запира. Се нашол битолски јунак да го врати симболот. Каде? Повторно на шахтите, како вистинско место. Дали овој или кој било друг симбол на сонцето, кој ги означува најголемите, недостижни височини на онаа вжарена топка без која не би бил возможен живот, ние можеме да ја „одбраниме“ единствено на капаци под кои тече канализација.

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести