Сестрите Хадид ограбени на Миконос – Никогаш повеќе нема да се вратиме овде

Сестрите Хадид ограбени на Миконос – Никогаш повеќе нема да се вратиме овде
11.08.19   20:59

Прочитано : 2,633

Print This Article
4

Славните сестри Бела и Џиџи Хадид одморот на Миконос ќе го паметат по непријатно исксутво откако беа ограбени во луксузната вила каде беа сместени.

Во последните неколку дена сестрите се фалеа со фотографии на Instagram од луксузниот одмор кој заврши неочекувано. Во моментот на грабежот тие не биле во вилата туку на роденденска прослава. Останаа без скапата облека, накитот, очилата и торбите. Кога се вратиле во вилата затекнале хаос, сè што било вредно е украдено.

„Не дозволувајте Instagram да ве залаже, нè ограбија. Никогаш повеќе нема да се вратам овде. Не би ви препорачала да доаѓате тука, трошете си ги парите на друго место“, порача Џиџи Хадид на Instagram.

  Категории: