Сепак се врти

Сепак се врти
6.09.19   14:51

Прочитано : 1,709

Print This Article

Политичкиот прагматизам е чудна билка. Често не се може без него, и тоа го потврдува практиката. Но, ако политичкиот прагматизам стане доминантна вредност во општеството, особено оној тип на прагматизам кој оди против волјата на гласачите, ете ти нов проблем. Сега е нужно и политички прагматично да се донесе закон за Јавното обвинителство со консензус постигнат меѓу власта и опозицијата.

Тој прагматизам можеби и би бил продуктивен, во смисла на квалитетни законски решенија, доколку немавме две крајно спротивставени позиции во однос на иднината на предметите на СЈО. А зборуваме за закон кој е европски услов, зборуваме за правна држава, за неселективна правда, за елиминирање на долгогодишниот принцип на неказнивост на случаи од висок политички профил.

Но, ѓаволот се крие во деталите, а за тие детали зад затворени врати преговараат власта и опозицијата. Или поточно, се ценкаат и пазарат. Дури и на крајот да се усогласат, прашање е што добиваме со закон кој го пораѓале сто „бабици“? Одговорот го знаеме – килаво „дете“.

Гледано од овој аспект, не знам што е подобро – тотално да пропаднат преговорите за законот, или да „успеат“ со регулатива која поради вградените отстапки и концесии веќе утре ќе ни предизвика нов правен проблем, дилема или правна празнина. Правни дисконти повеќе не се потребни. И онака веќе сведочиме на големата распродажба на СЈО. Непромислената обвинителката чмае во притвор.

Во 2015 година гладните за правда правеа пресметки за колку време ќе завршат првите процеси на СЈО. Во 2019 веќе многу случаи требаше да имааат судски разрешници. А каде сме денес? Дури ни „Шамарите во Центар не се завршени, а да не зборувам колку се доцни со капиталното дело „Таргет“, заради чие расчистување и беше формирано СЈО.

Што имаме денес? Едни разбегани во странство, други влези – излези од притвор, на трети камилите и натаму богато им се товарат. Колку за илустрација, поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ (позициониран на фино место кога се градеше „Скопје 2014“), есента 2016 година се појави на распит во СЈО. Не разбравме во кое својство бил повикан. Денес веќе отвора хотел во Трст.

Значи бројчаникот сепак вртел. Ама не на Триумфалната капија. Си вртел во приватни џебови, исто како и пред формирањето на СЈО. Па кој е ефектот од работата на СЈО досега? Ако се исклучи „Тенк“ –  нула.

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести