СЕММ: Целосно е неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите

СЕММ: Целосно е неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите
20.01.19   00:47

Прочитано : 100

Print This Article

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди денешниот случај на физички напад врз новинарката на Канал 5 Телевизија Мирјана Мирчевска – Јовановиќ која известувала од манифестацијата за одбележување на Водици во Скопје.

„Инцидентот кој бил предизвикан кога новинарката била нападната од вработени во агенција за обезбедување ангажирана од МПЦ претставува напад врз безбедноста на новинарите при професионалното извршување на нивната работа. За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци“ – велат од СЕММ.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести