Селмани во Централниот дневник: Постои голем интерес кај Ромите да излезат и гласаат на претстојните избори

Селмани во Централниот дневник: Постои голем интерес кај Ромите да излезат и гласаат на претстојните избори
15.04.19   22:30

Прочитано : 117

Print This Article

Анкетите покажуваат дека речиси една третина од граѓаните во Македонија се уште не решиле или решиле да не излегуваат на гласање или пак не знаат за кого ќе гласаат.

Бидејќи не се очекува некој од политичарите во првиот круг да освои околу 900.000 гласови и со тоа изборите да завршат, веројатно ќе се оди во вториот круг каде што 40 отсто од вкупните избирачки листи во Македонија изнесува околу 724.000 луѓе. Затоа е потребна мобилизација на која што повикуваат предводниците и на опозицијата и на власта.

Гостин во Централниот дневник беше Дениз Селмани, претставник на иницијативата „Аваја“, што преведено од Ромски значи „Доаѓаме“.

Иницијативата е концентрирана на тоа што повеќе Роми излезат и гласаат без оглед за кого.

„Како уставотворен народ во Северна Македонија, а минатото е сведок дека често пати ромската заедница беше манипулирана од политичките субјекти, дојде иницијатива од млади Роми интелектуалци, која што ја започнавме пред една седмица, а целта е да се артикулира гласот и барањата на Ромската заедница.

Целиот разговор со Селмани погледнете го во видеото од Централниот дневник:

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести