СДСМ: Со социјалната реформа, воведуваме гарантирана минимална помош за намалување на сиромаштијата

СДСМ: Со социјалната реформа, воведуваме гарантирана минимална помош за намалување на сиромаштијата
25.05.19   16:10

Прочитано : 159

Print This Article

25 мај 2019 

Со воведувањето на социјалната реформа, правиме преобразба на системот за социјална заштита и градиме систем кој извлекува од сиромаштија.

Со социјалната реформа, се воведува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток, како и Додаток за образование.

На овој начин, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик.

Корисниците на Гарантираната минимална помош, за прв пат ќе добијат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование.

Во зависност од структурата на членовите на домаќинството и надоместоците што тие ќе ги оставарат, висината на средствата за помош ќе се утвди за секое домаќнство посебно согласно Закнот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

Претставено низ пример, со социјалната реформа, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште би користело месечен надоместок од 10.600 денари.

Ова е само дел од низата реформи од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што обезбедуваат квалитетни услови за живот на сите граѓани.

Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани.

Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести