СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени да полнат автобуси и да присуствуваат на партискиот настан во Скопје

СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени да полнат автобуси и да присуствуваат на партискиот настан во Скопје

Соопштение на СДСМ Охрид:

sdsm-ohrid1(1)

Никола Груевски ја нема поддршката од граѓаните на Охрид.

Никола Груевски ја нема поддршката ниту од младите ниту од жените.

Тоа го знае и самиот Никола Груевски.

Како и во други градови во Македонија и во Охрид локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во медицинскиот центар, во образованието, во јавните претпријатија и во општинската администрација да присуствуваат на партискиот настан во Скопје.

Се прават списоци со вработени жени од коишто се бара по секоја цена да ги полнат автобусите на Никола Грувски и да се задоволи неговата бројка. Очигледно Никола Груевски жените од Охрид ги смета само за бројка.

Ова е потценувачко и навредувачко за нашите сограѓанки, за секоја жена.

Во демократски општества со Устав е загарантирано правот на граѓаните за слобода на своето определување и партиско делување.

Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупореби на државните институции следува одговорност.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ свесни дека секојдневно се повеќе ја губат довербата кај граѓаните, употребуваат фашистички методи, со уцени, закани и притисоци.

Но толку е загубена довербата помеѓу граѓаните што на Никола Груевски притисоците не можат да му помогнат.

Граѓаните знаат. Заврши времето на Никола Груевски, завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.