СДСМ: Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира денеска, дали е тоа поради повикувањето на еден од осмничените на распит

СДСМ: Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира денеска, дали е тоа поради повикувањето на еден од осмничените на распит
19.08.19   14:58

Прочитано : 1,518

Print This Article

али денешната нервоза во ВМРО-ДПМНЕ е поради повикувањето на еден од осмничените, Зоки Кичеец, на распит? Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конференции, се вели во реакцијата на СДСМ.

-Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец.Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ? Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.  Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата. Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“, но и за сите останати предмети мора да има – се вели во реакцијата на СДСМ.

  Категории: