СДСМ не смее да се повлече целосно од Договорот од Пржино!

СДСМ не смее да се повлече целосно од Договорот од Пржино!
19.01.16   20:48

Прочитано : 7,970

Print This Article

СДСМ ќе направи кардинална грешка ако ги повлече министрите од владата и ако се повлече од преговорите од договорот од Пржино.

sase ivanovski politiko

Секоја придобивка од реализацијата од договорот од Пржино е добредојдена за опозицијата а е голем пораз за режимот.

Грујо посакува СДСМ да се повлече од договорот од Пржино и преговорите за медиумите и за изборниот список да прекинат. И потоа и специјалното обвинителство да биде укинето и Зврлевски да ги преземе бомбите од Катица.

СДСМ веќе ја плати цената и не смее да се откаже од придобивките кои ги плати скапо – со враќање во парламентот по нефер и недемократски избори, седнувањето на преговори со лудаци и криминалци и предавањето на бомбите на специјалното обвинителство, практично СДСМ се разоружа и сега од неа се бара да ги фрли во вода придобивките од тоа.

СДСМ мора да се бори до крај и да убедува и лобира и да аргументира до самиот ден на изборите дека тие треба да се одложат со цел да бидат фер и веродостојни. Додека го прави тоа се друго треба да си тече најнормално, пред се реформите во медиумите и другите институции.

Смешни се паничните восклици дека СДСМ требало да ги повлече министрите од владата и да го напушти собранието, некои дури предлагаат Андреј и Заев да си дале оставка на градоначалничките позиции. Ова се ставови на политички аматери и дунстери. Во политиката како и во војната, не се напуштаат така лесно освоените територии и позиции кои се платени со крв и голем труд.

Без паника, без разочарување, без трагика, мирно, полека, стратешки мора да продолжиме со битката. Си имаме работа со итар противник кој не бира средства методи и техники за да се спаси себеси!

Исто така се соочуваме и со предавства на нашите стратешки партнери кои ретерираат од претходните позиции поради актуелната мигрантска криза. Сето тоа неповолно се одрази врз нашите позиции. Сега не е време за раздор и осуда во нашите редови, треба да ги стегнеме силите и редовите и да издржиме!

Саше Ивановски – Политико

(Мактел.мк во моментов е офлајн поради технички проблеми но набрзо тие ќе бидат отстранети и сајтот ќе биде повторно онлајн)

  Категории: