СДСМ: На Тодоров и Груевски во бурекџилница ли им текна новиот данок за маснотии?!

СДСМ: На Тодоров и Груевски во бурекџилница ли им текна новиот данок за маснотии?!
8.02.16   15:52

Прочитано : 1,458

Print This Article

„За Никола Тодоров не се тема за дебата причините поради коишто во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.

12696117_10208500995991373_1675200979_n

Не беа тема за дебата пропустите во здравствениот систем поради кои почина малата Тамара.

За Тодоров не е тема тоа што пациенти кои крварат мораат сами да си купат завој, тоа што пациентите на Кардиологија за холтер мораат сами си купат батериии, тоа што на дијабетичарите им даваат стари генерации на инсулин и полуисправни апарати што можат да ги однесат во смрт, тоа што болниците се руина, а здравствениот систем срушен.

12714489_10208500995951372_200722509_n

Но за Тодоров тема за дебата бил данокот за маснотии што власта на ВМРО-ДПМНЕ сакала да им го воведе на граѓаните.

На Тодоров и Груевски во бурекџилниците по кои се сликаа ли им дојде идејата да ги даночат граѓаните за маснотии?!

12695773_10208500996271380_1014478961_n

И тоа додека над 180.000 граѓани преживуваат со по 40 денари на ден и над 500.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија.

На овие луѓе ли Никола Тодоров ќе им става данок за масна храна?!

12421465_10208500996351382_1444053812_n

Тодоров, Груевски и нивните соработници ги интересираат само даноци, тендери и казни со коишто ги соголија граѓаните.

На криминално-корупциската власт и ставаме крај.

Никола Тодоров и власта на Груевски можат да дебатираат само за нивното заминување“, стои во соопштението на СДСМ.

 

  Категории: