СДСМ: Мицкоски нека се спрема за пораз 

СДСМ: Мицкоски нека се спрема за пораз 
19.04.19   23:15

Прочитано : 171

Print This Article

Скопје, 19 април 2019

Како што ја започна кампањта на неговата кандидатка, Христијан Мицкоски така и ја финишираше, со фарса.

Вечерашното интервју на Мицкоски е очаен обид да ја сокрие сопствената паника од поразот што го чека на фер и демократски избори.

Од целата кампњата, ќе останат запаметени 10 клучни работи:

1.       Фијаско на Мискоски и ВМРО-ДПМНЕ на централниот митинг во Скопје.

2.       Откажување на средбите со граѓаните на караванот на Сиљаноска и слаба поддршка кај граѓаните.

3.       Неспособност и незнаење на Сињановска за основни прашања меѓу кои и бројот на војници на Армијата.

4.       Сињановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста како Мицкоски, наутро зборува едно, навечер друго.

5.       Криминалци и осудени насилници ја поддржуваат Сиљановска, меѓу кои и Игор Југ.

6.       Сиљановска е партиски послушник на Мицкоски и Груевски.

7.       Кандидатката на Мицкоски не си го познава сопствениот народ.

8.       Сињановска избега од тв дебата, бега од граѓаните и не ги почитува медиумите.

9.       Мицкоски единствената навигација што ја добива е од неговиот вистински шеф, Никола Груевски.

10.   Сиљановска застана против се и сешто, дури и против владата од деведесетите во којашто учествувала, а нејзиниот сопруг имал бизнис со фри шоп.

Граѓаните ги отфрлаат деструкциите, блокадите, кочењата, лагите на Мицкоски, Сиљановска и Груевски.

Граѓаните не сакаат враќање назад, изолација, неизвестност, туку напредок, сигурна иднина, НАТО, ЕУ, повеќе пари, подобар живот.

Затоа, во недела граѓаните избираат напредок, сигирна иднина, гласаат за Стево Пендаровски.

Центар за комуникации со јавност

Социјалдемократски сојуз на Македонија

  Категории: