СДСМ: Мицковски повторно „математички прецизно лаже“

СДСМ: Мицковски повторно „математички прецизно лаже“
10.11.19   16:32

Прочитано : 471

Print This Article

Соопштение на СДСМ:

Христијан „математички лажго“ Мицковски денес повторно без грам срам излезе да ја лаже јавноста,потценувајќи го помнењето на граѓаните за се што направи ВМРО-ДПМНЕ и лично тој на штета и на грбот на граѓаните.

Еве дел од лагите на Мицковски поткрепени со факти:

Мицковски ги лажеше граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија,

-Факт 1: Цената на електричната енергија е намалена

Ги лажеше граѓаните дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија,

-Факт 2: евтината тарифа на електричната енергија се врати и граѓаните имаат 15.000.000 евра на годишно ниво

Уште една лага на Мицковски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат

-Факт 3: Исклучените од парно греење денес не плаќаат нешто што не користат

Мицковски ги лажеше граѓаните и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија

Факт 4: Цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 %

Мицковски ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија

-Факт 5: Денес има либерализиран пазар на електрична енергија

Ги лажеше и вработените во РЕК Битола дека неможе да се врати мензата во РЕК

-Факт 6: Денес РЕК има исхрана за вработените

Времето на Рајски градини,Ски скокалници и административни згради на ЕСМ се спомени од директорувањето на Мицковски и Груевски

Факт 7: ЕСМ почнува со изградба на 10 МВ фотоволтаична централа во Осломеј

За разлика од 11 годишното инсистирање за Руски Тек и 100 % зависност од руски гас

Факт 8 : Македонија доби грант од ЕУ во висина од 13 милиони евра за интерконекција со ТАП

Факт 9: Сите административни работи се завршени за интерконекторот со Бугарија

За разлика од нему и неговите блиски лица, на кои им дадоа  изградба на фотоволтаични централи и со загарантирано високи цени од над 400 евра за 15 години ,која денес ја плаќаме,

Факт 10: Започнува проект за инсталирање на 36 МВ Фотоволтаична централа за аукција на приватни инвестиции притоа без денар оптоварување на сметката за електрична енергија

Факт 11: 36 МВ за физички и правни лица кои имаат сопствено земјиште,

Факт 12: Намалена цена на приклучок од 500 на 370 евра

Денес Мицковски „математички прецизно“ лаже и не кажува дека како директор на ЕЛЕМ во Јануари 2017 година, набавуваше цена на електрична енергија за над 200 евра за 1 мега ват/ час.

Мицковски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 %  на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.

Денес, непрекинато, Охридско-Струшкиот, Дебарскиот и Реканскиот  регион имаат струја за Нова година и Божиќ,  за разлика од времето на Мицковски и Груевски.

Додека Мицковски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните.

Ова е само дел од криминалните дела и лаги на Мицковски кој на грбот на граѓаните безмилосно заработуваше.

 

  Категории:
view more articles

Останати вести