СДСМ: Мицкоски во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот

СДСМ: Мицкоски во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот

Соопштение на СДСМ:

Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчершаната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот, барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина, пишува во соопштението од СДСМ по неуспешната лидерска средба.

„Тимот на СДСМ предводен од претседателот Заев им понуди формирање нова обвинителска институција, која ќе гони висока корупција за сите нови случаи за да се гарантира правната држава, но нив тоа не ги интересираше, бидејќи бараа единствено бегство од законот за сите обвинети од нивната режимска структура. Предлогот беше прв човек на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа ВМРО-ДПМНЕ го одби“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија уште додаваат дека „Груевски прво го избра Мицкоски со единствена задача до последен здив да го штити, сега од Будимпешта нарачува и подобен обвинител“.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата и за загрозување на европскиот пат на нашата земја“, се наведува во соопштението од СДСМ.