Саздо бил претепан поради препукувања на Фејсбук

Саздо бил претепан поради препукувања на Фејсбук
12.07.18   12:37

Прочитано : 2,616

Print This Article

ладиот „комита“ Никола Саздовски Саздо бил претепан поради претхони препукувања на Фејсбук на етнчка линија. Како што дознава „Независен весник“ на нападот му претходела „интернет војна“ која траела неколку недели меѓу Саздо и напаѓачите.

Весникот пишува дека осомничените Скендер Д. (19) и Бесир Б. (20) кобниот ден се возеле со автомобилот „мерцедес“ и случајно на автобуска станица во населбата Автокоманда го здогледале младото момче. Запреле, излегле од возилото, го прашале момчето: „Ти си Саздо?“ Добиле потврден одговор, по што дошло до инцидентот.

Саздо бил со неговата девојка која го посведочила настанот. Таа во вторникот како сведок дала исказ во обвинителството.

Распитот на Скендер Д. и Бесир Б. вчера во обвинителство траеше со часови. Осомничените се бранеле со молчење, сакале прво да ги видат доказите, па да се произнесат.