Сашо Тасевски и Зоран Јовановски во тесна трка за директор на БЈБ

Сашо Тасевски и Зоран Јовановски во тесна трка за директор на БЈБ
21.08.18   16:50

Прочитано : 1,530

Print This Article

Сашо Тасевски, началник на Шестата управа, и Зоран Јовановски-Челик, пензиониран генерал, се во тесна трка за идниот наследник на Лазе Велковски, доскорашниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), пренесува „Фокус“.

 

Јовановски целиот работен век го поминал во безбедносните служби, а последната работна позиција, пред да отиде во пензија во 2017 година, му била началник на Единицата за известување и командување (ЕИК).

(…)

Тасевски, пак, за време на насилството во Собранието, на 27 април 2017 година, му беше обезбедување на министерот Оливер Спасовски. По Крвавиот четврток, Тасевски, беше поставен за началник на Одделот за обезбедување, или т.н. Шеста управа.

(…)

Велковски беше разрешен по злоупотребата на неговиот службен автомобил, за превезување на ќерка му во камп во во Грција.

  Категории: