„Сандеј Тајмс“: Британија ќе се соочи со недостиг на гориво, храна и лекови при Брегзит без договор

„Сандеј Тајмс“: Британија ќе се соочи со недостиг на гориво, храна и лекови при Брегзит без договор
18.08.19   16:34

Прочитано : 114

Print This Article
bregzit11

Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, доколку нема договор за брегзит со Европската унија, објави „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на доверлив документ на британската влада.

Во извештајот, исто така, се наведува дека, во тој случај, Велика Британија ја чека метеж на пристаништата, тврда граница со Ирска и зголемување на трошоците за социјална грижа.

Весникот наведува дека предвидувањата составени од кабинетот на премиерот се однесуваат на најверојатните последици од брегзит без договор, а не за најлошото сценарио.

За 85 проценти од камионите што користат премини кај главниот канал се вели дека се „неподготвени“ за француските цариници, што значи дека прекините на пристаништата потенцијално би можеле да траат до три месеци пред да се подобри протокот на прометот.

Документ составен од кабинетот со кодно име „Операција Јелоухамер“ дава редок преглед на скриените планови на британската влада за да се избегне катастрофален колапс во инфраструктурата на земјата.

  Категории:
view more articles

Актуелно