Сан Франциско е прв американски град кој забрани идентификација на граѓаните на улиците

Сан Франциско е прв американски град кој забрани идентификација на граѓаните на улиците
15.05.19   16:08

Прочитано : 144

Print This Article

Сан Франциско е првиот американски град кој забрани препознавање на лицата на улиците во градот.

Како што наведува Би-Би-Си, градските одборници ја изгласаа забраната со која локалните власти нема да можат да користат камери за идентификација на граѓаните.

Властите на Сан Франциско во иднина ќе мора да дадат дозвола за набавка на каква било опрема за надзор.

Критичарите на одлуката на градските власти велат дека на тој начин ќе се наруши безбедноста на граѓаните и ќе се забави борбата против криминалот.

Од друга страна, тие кои ја поддржуваат одлуката велат дека денешната технологија е несигурна и дека претставува непотребно нарушување на слободата и приватноста на граѓаните.

Противниците на технологијата за препознавање лица исто така сметаат дека таа е подложна на грешки, особено кога станува збор за луѓе со темна кожа.

– Го поздравуваме градот кој одлучи да ја слуша својата заедница. Другите градови треба да донесат слични одлуки кои ќе ги заштитат граѓанските права и безбедноста на луѓето, рече Мет Кејгл од Сојузот за граѓански слободи на Америка.

Новите правила нема да се однесуваат на безбедносните мерки на аеродромот и пристаништето во Сан Франциско, бидејќи тие се под федерална надлежност, а не под локални безбедносни агенции.

  Категории:
view more articles

Актуелно