Самоглас – прва платформа со аудио книги на македонски јазик

Самоглас – прва платформа со аудио книги на македонски јазик

Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик.

„Поттикнати од постојаниот пад на просечните оценки на учениците сакавме да донесеме услуга која постои веќе некое време на глобално ниво. Овозможувајќи и олеснувајќи пристап кон литературна содржина за сите. Не само за оние кои сакаат да слушаат аудио книги, туку и за оние на кои им е нужно потребно како лицата со инвалидност, слепите и слабовидни лица, како и лицата со дисклексија,“ вели Христијан Поп-Симонов од „Самоглас“

Покрај Христијан зад идејата на „Самоглас“ се и Ангела Стојановска и Васко Костовски од Здружението за афирмација на уметноста „Флуктус“ чиј проект е поддржан од Министерството за култура. Сите тројца се млади актери, дипломирани на Факултетот за драмски уметности – Скопје, и покрај реализацијата на самата платформа, тие и ги позајмуваат гласовите за читање на книгите.

Моментално, „Самоглас“ е достапен само преку својата веб верзија, но од тимот велат дека напорно се залагаат за изработка на апликација за мобилни уреди.

„Активно работиме на збогатување на содржините, во меѓувреме, љубопитните корисници веќе можат да се регистрираат бесплатно и да бидат меѓу првите кои ќе уживаат во придобивките од слушање аудио книги и заедно со нас да помогнат во развојот на платформата,“ велат од „Самоглас“.

„Самоглас“, може да се следат и на нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм.