„Сакам да кажам“ на Горан Михајловски се врати!

29.01.16   19:20

Прочитано : 7,730

Print This Article
Популарната колумна „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски од денес се враќа со своја веб страница www.sakamdakazam.mk
Новата неделна колумна ќе излегува секој петок навечер, а за првпат во земјава освен пишана форма ќе има и аудио подкаст, а наскоро и видео верзија. На сајтот ја има и целата архива од 25-годишното постоење на „Сакам да кажам“, како и можност за бесплатен даунлоуд во пдф на 4-те книги збирки на колумните на Михајловски.
goran mihajlovski
„Ми требаше четврт век да сфатам дека е најважно да имаш што да кажеш и тоа да направи разлика, а не во кој медиум го кажуваш. Тешко ми е што се одвојувам од печатениот медиум, ама време беше да влезам во 21. век,“ вели Михајловски.
Со новиот вебсајт на авторот Горан Михајловски, „Сакам да кажам“ ја одбележува 25-годишнината од постоењето, и е најдолготрајна и најпопуларна колумна во историјата на македонското новинарство. Првата колумна излезе на 12 јануари, 1991 во „Вечер“, а од јули, 2000 излегуваше 15 години секоја сабота во „Вест“, весникот што Михајловски го основа и чиј што главен уредник беше до 31 декември, 2015.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести