„Сахара“ на Субрата Рој повторно под истрага, под сомнение за перење пари

„Сахара“ на Субрата Рој повторно под истрага, под сомнение за перење пари

Иако бизнисите на индијската „Сахара“ се протегаат од финансирање и сопствеништво на медиуми до мотори во Формула 1, таа никогаш не била транспарентна за изворот и трошењето на милијарди долари, пишува Ројтерс, пренесува НОВА.

subrata roj1[1]

Веќе неколку години покренати се сомненија за милиони инвеститори на Сахара, за кои се верува дека се само фиктивни имиња.

Минатиот месец, претставници на Директоратот за борба против економски криминал го посетиле седиштето на компанијата, како дел од истрагата за перење на пари.

– Бидејќи податоците се огромни, ќе биде потребно време да се објават детали од истрагата, вели еден од претставниците за Ројтерс, кој побарал да остане анонимен.