Русија го проширува списокот за забрана за влез на официјални лица од САД

Русија го проширува списокот за забрана за влез на официјални лица од САД
11.09.19   11:14

Прочитано : 34

Print This Article

Москва ќе го прошири списокот на американски службеници на кои им е забрането да влезат во Русија поради најновите санкции од Вашингтон против двајца членови на рускиот Истражен комитет. Тоа го изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Сигурно ќе ја прошириме црната листа на граѓани на САД на кои им е забранет влез. Отворено зборуваме за тоа“, рече Рjабков.

Според него, кога САД ќе ја сменат својата политика за составување на списокот, Русија ќе го стори истото, а врз основа на принципот на реципроцитет.

  Категории:
view more articles

Актуелно