Роналдо: Со Сари играме понапаѓачки фудбал

Роналдо: Со Сари играме понапаѓачки фудбал
21.10.19   16:31

Прочитано : 68

Print This Article

– Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека играта на тимот е подобрена со доаѓањето на Маурисио Сари.

– Тимот е посигурен во своите способности. Играме многу повеќе со топката сега. Нашата игра се смени на подобро и ние продолжуваме да се надградуваме секоја недела, рече Роналдо.

Јувентус утре игра со Локомотив Москва во ЛШ и Португалецот смета дека тимот треба да запише победа за да „бјанконерите“ да се пласираат во следната фаза.

– Мора да победиме на овој натпревар и да се квалификуваме во следната фаза. Ќе играме многу понапаѓачки фудбал оваа сезона. Играме во нова шема што ми се допаѓа, додаде Роналдо.

 

  Категории: