Ристоска за „Талир 2“: Груевски организирал, Божиновски реализирал!

Ристоска за „Талир 2“: Груевски организирал, Божиновски реализирал!

„Не се чуствувам виновен!“ Ова на денешното судење за случајот „Талир 2″ го кажа Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во моментот кога требаше да се изјасни за вина, пренесе Фокус.

Поради бегството на екс премиерот Никола Груевски тој не можеше да се изјасни за вина, поради што и му се суди во отсуство, но сепак неговиот адвокат Горан Кракински, поставен по службена должност, истакна дека неговиот клиент не е виновен.

-Во постапката ќе докажеме дека Никола Груевски не е сторител на кривичното дело кое му се става на товар во обвинителниот акт, поради што ќе треба да се донесе ослободителна предуда, рече во воведниот говор адвокатот Кракински.

Претходно својот воведен збор го даде обвинителката Ленче Ристоска, која започна со реченицата дека службената положба и овластување не носат само повластувања, туку и одговорност.

-Со цел да обезбедат ново партиско седиште, обвинетите превземале низа активност спротивни на законските прописи. Груевски организирал, а Божиновски реализирал. Тоа ќе го докажат сведоците кои биле дел од комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, членови на извршниот комитет на партијата, како и сведоци кои учествувале во проектите и изградбата на седиштето, рече обвинителката Ристоска, која додаде дека примарна дејност на партиите не е превземање на градежни потфати.

Повеќе на следниот линк.