Рибери ќе биде аут од терените во следните 10 недели

Рибери ќе биде аут од терените во следните 10 недели

 

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери ќе пропушти околу 10 недели, пренесува „Газета дело Спорт“.
Французинот се здоби со повреда во десниот глужд во текот на 14. коло од Серија „А“ против Лече (0-1) кон крајот на ноември и оттогаш е во амбуланта.
Рибери ќе замине во Германија, каде ќе мора да биде подложен на операција.
Оваа сезона, 36-годишниот играч зеде учество во 11 натпревари, постигна два гола и даде две асистенции.