Ријана лансираше нова линија женска долна облека

Ријана лансираше нова линија женска долна облека

 Брендот на пејачката Ријана, „Севиџ икс Фенти“( Savege x Fenty)  ја објави својата нова линија женска долна облека. За кампањата, покрај себе, поп-ѕвездата ја ангажираше и танчерката, пејачка и модел – Нормани.

Пастелните парчиња создадени од материјали како чипка и сатен, фотографирани среде цветни пејзажи, ја прават оваа кампања прилично романтична и совршено ја доловуваат енергијата на брендот.

Колекцијата е веќе достапна за купување преку страницата на копанијата, каде што има и прашалник со кој полесно ќе откриете кои парчиња најмногу ви одговараат.