Рецепт: Декоративни солени топчиња

Рецепт: Декоративни солени топчиња
21.05.19   12:05

Прочитано : 482

Print This Article

Интересни кремасти топчиња, кои можете да ги декорирате по ваш избор…

Потребно е:
650 г кисело млеко
1 лажиче сол
газа
цедалка

Подготовка:
– Во киселото млеко додадете едно лажиче сол и измешајте.

– Во еден сад ставете ја цедалката, а во цедалката ставете ја газата. Сега во газата ставете го киселото млеко и стиснете ја газата. Оставете два дена да се цеди киселото млеко во газата.

– По два дена отворете ја газата. Во неа од киселото млеко ќе се има формирано фино крем-сирење, а пак во садот ќе добиете сурутка (исцедената течност). Сурутката не фрлајте ја, таа е многу здрава и може да ја испиете или може да ја измешате во некој овошен сок и да ја испиете.

– Од крем-сирењето обликувајте мали топчиња. Топчињата може да ги валкате во различни зачини или сечкани зачински билки, како на пример едни може да ги извалкате во мешавина од сечкан свеж власец и сечкан свеж магдонос, други во мешавина од крупна сол и чили и слатка мелена црвена пиперка, едни може во мелени ореви, а исто така може да ги оставите и така оригинални.

Извор: mia.mk

  Категории: