Ременски молчи, од пратничка фотелја ќе ја докажува невиноста

Ременски молчи, од пратничка фотелја ќе ја докажува невиноста

Потпретседателката на Собранието и осомничена за финансиска измама во Меѓународниот сојуз молчи по повикот на премиерот за повлекување. Фросина Ременски не одоговори на нашите прашања дали чувствува потреба да промени нешто и да го послуша партискиот шеф кој преку личен пример индиректно и порача да се повлече од пратеничките функции.

Заев порача дека Ременски е добредојдена на функциите во СДСМ, но откако ќе ја докаже невиноста за овој случај. Дента кога стана осомничена Ременски изјави дека ги почитува одлуките на лидерот , но повлекување од пратеничките функции не најави.

Ременски не смее да го напушти Скопје додека трае истрагата. Обвинителство ја сомничи дека со нејзиното присуство во „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13 пред заинтересирани бизнисмени оставила впечаток дека зад проектите за изградба старечки домови стои владата со која раководи Заев. Ременски ги отфрли овие сомнежи. Таа е почесен претседател во Меѓународниот сојуз, но дали добила нешто и каква била нејзината улога во невладината не сака да зборува. Засега останува втор човек на законодавниот дом.

Единствен парламентарец кој од морални приочини си даде оставка е Павле Богоевски, за кој се појави снимка која индицираше негова вмешаност во кривично дело. Од друга страна листата со осомнилчени праетници е долга. Меѓу нив се пратенцвите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Ејуп Алими, Љупчо Димовски, Трајко Вељановски, Елезабета Канчевска Милевска, но и функционери во Владината коалиција, како лидерот на дуи Али Ахмети и Бујар Османи .. Дело од нив се веќе обвибнети во случаите на СЈО, а за дел се уште се водат истѕраги во понапредна фаза во Јавното обвинителство.

Извор: ТВ24