Ременски, Јасна Mандиќ, таткото на Боки 13 се осомничени во проширената истрага за Рекет

Ременски, Јасна Mандиќ, таткото на Боки 13 се осомничени во проширената истрага за Рекет

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“ – дознава тв 24 од извори во истрагата.

За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост. Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.