Рекордно високи плати во Серија „А“ оваа нова сезона

Рекордно високи плати во Серија „А“ оваа нова сезона
10.09.19   17:00

Прочитано : 139

Print This Article

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е најплатен играч во италијанското првенство. Португалецот заработува 31 милиони евра годишно.

Новиот додаток на „бјанконерите“, Матаис де Лихт е втор на листата – дефанзивецот добива по 8 милиони евра по сезона, додека на третата позиција е Ромелу Лукаку од Интер со 7,5 милиони евра.

Клубовите во Серија „А“ ќе им платат на своите играчи 1,36 милијарди евра за новата сезона, што апсолутен рекорд во Лигата, пренесува „Газета дело дело“.

На списокот на тимови со највисоки плати, Јувентус е лидер со огромно водство. Клубот од Торино ќе плати 294 милиони, а потоа следуваат Интер (139 милиони), Рома (125 милиони), Милан (115) и Наполи (103 милиони).

  Категории:
view more articles

Актуелно