Река од Тетово: Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите

Река од Тетово: Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите
18.04.19   23:29

Прочитано : 196

Print This Article

Претседателскиот кандидат Блерим Река од Тетово на последниот митинг во рамки на неговата кампања побара гласачите масовно да гласаат без разлика на која партија припаѓаат. Порача дека гласовите на сите ќе ја направат Северна Македонија мултиетничка и евроатланска.

– Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите. За Републиката каде владее правото, а не поединецот. Против заробената, приватната и правна држава, против корупцијата, непотизмот и селективната правда. Посебно против трговијата со гласови, рече Река.

Тој им порача на политичките опоненти дека залудно се занимаваат со него и дека гласачите ќе ги победат во недела.

– Ова ваше присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се бавеа со починатите од мојата фамилија. Но вечерва нема да се занимавам со нив, затоа што гласачите ќе им одговорат најдобро во недела. Заедно со вас финишираме кон патот на победата, потенцираше Река.

Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами побараа Албанците да гласаат за Блерим Река.

– Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноравност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат, рече Села.

Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.

– Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река, истакна Касами.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.

  Категории: