Реформи на безбедносните служби – разговор во Студио 1 со Горан Митевски

Реформи на безбедносните служби – разговор во Студио 1 со Горан Митевски
16.02.19   08:09

Прочитано : 161

Print This Article
Studio 1

Гостин во вечерашото Студио 1 кај уредничката Јадранка Костова беше Горан Митевски, поранешен директор на УБК во периодот од 1999 до 2001 година и од 2001 до 2002 директор на Бирото за јавна безбедност. Тој конкурираше за вработување во новоформираната ОТА, но не помина на огласот, а беше и еден од кандидатите за новата Антикорупциска комисија. Како што вели, конкурсот за ДКСК поминал целосно транспарентно, но не било така и со огласот на ОТА, односно огласот се одвивал на чуден и нетранспарентен начин.

-Ме изненади јавување на еден од членовите во ОТА кој порано работеше во МВР и во УБК кој ми кажа дека не треба да доаѓам на интервју со сите останати членови заради моето претходно минато како директор во УБК и дека не е добро да ме гледаат таму, туку дека со поднесените документи сум еден од фаворитите за трите места за кои конкурирав. Потоа кога прочитав дека е донесена одлука со која се избрани членовите, но не се кажува кои, а штом не сум повикан, претпоставував дека не сум примен, помислив да го контактирам истиот тој господин што ми се јави, но не успеав да го добијам на телефон, вели Митевски и додава дека на многу луѓе што конкурирале им било кажано дека комисијата за селекција само ги прибира документите и ги врши интервјуата, а крајната одлука ја носат странци.

Бидејќи ОТА е под надлежност на Владата, тој поднел претставки до надлежни лица и комисии, но не очекува одговор, поради што случајот го доставил кај Народниот правобранител, да провери колку законски бил спроведен огласот. Откако ќе им даде шанса на нашите институции, планира писмено да ги извести и Мисијата на ЕУ и амбасадата на САД, па очекува дури случајот да дојде и до Прибе. Митевски за реформите и одвојување на ОТА од МВР вели дека нема да се смени ништо ако лојални партиски луѓе останат вработени во Агенцијата и дека тоа отвора можност да се повтори скандалот со прислушкувањето.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести