Реакција од Владата на писмото на Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИМ)

Реакција од Владата на писмото на Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИМ)
15.03.19   16:39

Прочитано : 840

Print This Article

Реакција на владата на соопштението на Транспаренси Интернешнл Македонија:

Во врска со веста објавена во медиумите во која со писмо Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИМ) посочува дека Владата постапува спротивно на Закон, а во врска со барања за пристап до информации од јавен карактер, Владата чувствува потреба да ја информира јавноста дека тие наводи се неосновани.

Во врска со барањето кое ТИМ го достави на 13 јуни 2018 година, Генералниот секретар на Владата, како надлежно лице, донесе решение со кое се одбива барањето, апсолутно почитувајќи ги законските одредби.

Испочитувани се сите одредби согласно Законот и е постапено согласно истите, со што е утврдено дека барањето на ТИМ се одбива, бидејќи издавањето на бараната информација, претставува информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, чие давање би имало штетни последици за текот на постапката.

  Категории: