Реакција од кабинетот на Иванов: ДКСК на ист начин да постапи и со сите носители на државни и јавни функции

Реакција од кабинетот на Иванов: ДКСК на ист начин да постапи и со сите носители на државни и јавни функции
15.03.19   18:47

Прочитано : 372

Print This Article

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“, стои во реакцијата од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести