Разрешување на сите потпретседатели на СДСМ

Разрешување на сите потпретседатели на СДСМ
26.05.19   21:03

Прочитано : 2,088

Print This Article

Шесте потпретседатели на СДСМ ќе бидат разрешени како дел од чистката што ја најави премиерот Зоран Заев, пренесе Фокус повикувајќи се на неофицијални информации.

Потпретседатели на СДСМ се: Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов.

Освен потпретседателите, се очекува и разрешување на генералниот секретар Александар Кирацовски. На негово место се очекува да биде назначен Љупчо Николовски.