Размена Алјаска за Гренланд, предлог на белгиски политичар

Размена Алјаска за Гренланд, предлог на белгиски политичар
22.08.19   20:27

Прочитано : 664

Print This Article

Откако Данците го одбија Трамп за купување на Греналнд, се јави поранешниот белгиски премиер со предлог за двете страни, Данска да ја добие Алјаска во замена за Гренланд.

Ги Верхофстат е поранешен премиер на Белгија, а денес член на европскиот парламент. Тој преку Twitter го пецна Доналд Трамп давајќи му идеја како да ги примами Данците да прифатат да го дадат Гренланд на САД.

„Однесувањето на Трамп е смешно. Беринг, дански истражувач, ја открил Алјаска. Можеби треба да преговараат за трампа?“, напиша Верхофстат.

Данскиот картограф и истражувач Витус Беринг во средината на 18-тиот век водел истражувачка мисија на Алјаска и тоа во служба на руската морнарица. По него се именувани Беринговото Море и Беринговиот Проток, потоа остров и глечер, а Берингија се вика земјата која некогаш со копно ги поврзувала Азија и Северна Америка, односно Камчатка и Алјаска.

Американците ја купија Алјаска од Русија во 1867 година, а во 1959 доби статус на сојузна држава станувајќи 49-та.

  Категории: