Разлики во заедничката комисија за учебниците за 7 одделение, простор за договор во иднина

Разлики во заедничката комисија за учебниците за 7 одделение, простор за договор во иднина

Во Софија заврши првиот ден од средбата на заединичката македонско-бугарска историска комисија. Според извори на „360 Степени“, дискусијата поминала во конструктивна атмосфера.

На заседанието било отворено прашањето за начините на кои би можеле да се ревидираат наставните содржини во учебниците по историја и тоа за шести клас во бугарските и за седмо одделение во македонските основни училишта. Во нив се обработуваат теми поврзани со средниот век и раниот османлиски период.