Разбиена шема за измама со лажни бракови!

Разбиена шема за измама со лажни бракови!
15.05.19   11:16

Прочитано : 1,988

Print This Article
prsteni

Уапсени се 50 лица вмешани во шема со лажни бракови со цел лажните сопружници да се стекнат со статус на постојани жители во САД

Властите на САД соопштија дека уапсиле 50 лица вмешани во „шема од големи размери за измама преку лажни бракови“ чија цел е да се заобиколат законите за имиграција.

Според обвинението, шемата функционирала надвор од јужната држава Тексас вклучувајќи луѓе од таму и од Виетнам.

Судските поднесоци открија случај во кој оние кои сакале да добијат статус на постојан жител во САД плаќале помеѓу 50.000 и 70.000 долари на организација предводена од Ешли Јен Негуен, јавува Гласот на америка.

Потоа овие луѓе биле поврзувани со еден државјанин на САД регрутиран од организацијата, на кој му плаќале дел од средствата, а во некои случаи тој продолжувал да регрутира и други граѓани за да учествуваат во шемата.

Со цел нивните апликации за имиграција да изгледаат легитимни, организацијата им помагала на оние кои биле вклучени да креираат свадбени албуми и да обезбедат лажни документи во врска со даноци, сметки за комунални услуги и евиденција за вработување.

Обвинението, кое се однесува на 96 лица, вклучува лажни бракови, поштенска измама, имиграциска измама, давање лажен исказ под заклетва и злоупотреба на сведоци.

„Измамата со лажни бракови е сериозен криминал“, изјави директорот на Американската граѓанска и имиграциска служба на округот Хјустон, Тони Брајсон.

Обвинението за измама со лажни браковите ги вклучува оние брачни другари кои никогаш не живееле заедно и не го планирале тоа, оние кои се сретнале кратко пред да аплицираат за дозвола за брак, ако воопшто и се сретнале, како и оние кои се венчале со финансиски надомест во рамките на шемата која е разбиена.

Постапката за американски државјанин да побара статус на постојан жител за брачен другар е обемна, при што се бараат повеќе документи како што се потврда за брак, заеднички закуп или сопственост на имот, заеднички финансии и друго.

Се врши и интервју на двојката, со предупредување дека давањето на лажен исказ е предмет на кривично гонење.

извор:voanews

  Категории: