Раста направил хаос на аеродромот во Белград, реагирала и полицијата (ФОТО)

Раста направил хаос на аеродромот во Белград, реагирала и полицијата (ФОТО)
21.04.19   15:01

Прочитано : 2,219

Print This Article

Стефан Ѓуриќ – Раста во петокот слетал на аеродромот во српската престолнина, а во исто време слетале и уште неколку други авиони, при што настанал голем метеж.

Иако биле отворени додатни шалтери, редовите биле неопределени, а тоа на раперот воопшто не му се допаднало – пишува порталот „Србија денес“.

Како што се наведува, Раста немал намера да чека како останатите, туку на своја рака ги прескокнувал редиците, иако на тоа негодувале останатите патници.

Ваквото однесување на раперот било забележано и од полицијата, па кога бил забележан што сака да направи еден од службените лица го вратил на почетокот од редот.

  • Марш во п*чку матер – врескал раперот додека се враќал во својот ред.
  • Го видов како се бутка, само чекав да видам дали ќе се пробие. Од каде му текна на таа идеја? Не знам и јас зошто воопшто се нервирам – бил коментарот на една од вработените на пасошката контрола.
  Категории: