Распишан конкурс за идеен проект за нова градска болница во Аеродром

Распишан конкурс за идеен проект за нова градска болница во Аеродром
13.06.18   11:04

Прочитано : 93

Print This Article
loading...

Распишан е конкурс за идеен проект за нова градска болница на подрачјето на општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки.

Учеството на конкурсот е анонимно, а оценувањето ќе го врши жири комисија. Проектите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за здравство најдоцна до 18 јули до 13 часот. Најдобро рангираните учесници ќе бидат наградени.

– Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на т.н. „градски болници“ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар, велат од Министерство за здравство.

Новата градска болница треба да имплементира нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

loading...
  Категории: