Рангелова и Јанчев пред исклучување од ИК на ВМРО ДПМНЕ. Лут им бил Мицковски?!

Рангелова и Јанчев пред исклучување од ИК на ВМРО ДПМНЕ. Лут им бил Мицковски?!
11.10.18   19:53

Прочитано : 3,985

Print This Article

Митко Јанчев, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и претседателката на Унијата на жените од оваа партија можно е утре на седница на извршниот комитет да бидат разрешени на барање и по инструкции на лидерот Христијан Мицковски, дознава Либертас од висок функционер на оваа партија.

Извесно време односите на Мицковски со Рангелова и Јанчев се повеке од заладени, а причина е референдумот и пораките од сестринската ЦДУ и меѓународните фактори дека ако не биде реализиран договорот од Преспа кој е услов за влез на Македонија во Нато и добивање датум за преговори со ЕУ, виновна како што и јавно посочија ќе биде ВМРО ДПМНЕ.

Партијата доби и пораки дека се соочува со меѓународна изолација како виновник за неуспешното спроведување на договорот од Преспа и застој на подолг рок за евроатланско интегрирање на земјата.

Рангелова денеска и во интервјуто за Бирн отворено кажува дека е против таквата политика на нејзината партија. Таа, Јанчев и Тодоров најавија и излегоа на гласањето на референдумот што е спротивно од насоките на раководството на партијата референдумот да се бојкотира за да нема цензус, вели нашиот извор.

Јанчев на последниве состаноци на ИК на кој партијата градеше став за референдумот одлучи да не биде присутен со образложение дека е болен и гласал, телефонски како што изјави во медиумите. Тој и Рангелова се лути за заканите што ги добивале дека се предавници, и лути се на раководството на партијата што не ги заштитило барем вербално со соопштение во јавноста од заканите и навредите.

И на последниот ИК Јанчев не се појави, а на прашањето од новинарите зошто потпредседателот Јанчев не е присутен и овој пат одговорот гласел: нас ни рече дека е болен, прашајте го него.

Извори од ИК тврдат дека на овој состанок кога се констатирало дека и овој пат Јанчев не дошол Мицковски искоментирал- не ми е ни потребен.

Нашите извори велат дека има и други во врвот на ВМРО ДПМНЕ кои не се согласуваат како Мицкоски, под директни инструкции на екс лидерот Груевски, ја води партијата.

И интервјуто на Даниела Рангелова за Бирн наводно ја прелеало чашата кај лидерот Мицкоски кој наводно бил бесен за тоа што таа изјавила и веќе дал инструкции Рангелова и Јанчев во пакет како прва мерка да бидат исклучени од извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

А можно е и тие двајцата доколку не се спроведе сценариото на исклучување да си поднесат сами оставки со образложение дека не сакаат партијата да биде изолирна заради погрешните потези кои ги влече и стравот дека тоа би довело дури и до распаѓање на партијата.

Дополнето:

Мицкоски: Ниту Јанчев, ниту Рангелова ќе бидат разрешени