Рахиќ за Боки 13: Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија

Рахиќ за Боки 13: Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија
18.08.19   16:51

Прочитано : 4,370

Print This Article

„Боки 13 живееше луксузно, а сега во затвор бара помош и прима инјекции за смирување. Очајниот Јовановски се закани: Носете ме во лудница или ќе пропеам за Заев!“

Вака гласи насловот на статијата на српскиот портал Курир која беше објавена вчера, а во која се наведува дека осомничениот во Рекет Бојан Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето. Оваа објава ја пренесоа и дел од македонските медиуми. Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Јовановски за Канал 5 категорично ги негира овие информации.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија.

Случајот Рекет во последниов период стана непресушен извор на дезинформации и лажни вести, пласирани најчесто во дел од српските портали, а серијалот за Боки 13 се претвори во своевидна медиумска сапуница, во која доминираше префиксот „екслузивно и скандалозно“. За тоа дали умее македонската јавност и македонските медиуми да ги препознаат разговаравме со специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов. Тој вели дека зад ваквите објави покрај заработката од кликови, најчесто се кријат и други интереси. Но, најважна во борбата против лажните вести е улогата на институциите кои треба да кажат која е нивната страна на приказната.

Бојан Јовановски се наоѓа во притвор од 16ти јули. Тој беше уапсен на граничниот премин Богородица, а е осомничен за изнуда на 1.5 милиони евра и перење на пари.