Работилница за професори по книжевност со Ненад Величковиќ: „Фигури“ на индоктринација“

Работилница за професори по книжевност со Ненад Величковиќ: „Фигури“ на индоктринација“
4.09.19   15:53

Прочитано : 282

Print This Article

На 06 и 07 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје Ненад Величковиќ ќе одржи работилница за професори  и студенти по јазик и книжевност во основно и средно образование. Работилницата е насловена ’Фигури’ на индоктринација.

Работилницата ќе се фокусира на анализа на содржините присутни во читанките во основно и средно училиште и идеолошките пораки кои преку нив суптилно им се пренесуваат на учениците, илустрирано со конкретни примери.
Притоа, ќе се отворат и теми околу образовниот систем, изборот на содржини по предметот книжевност, изборот на лектири и тн.

Работилницата ќе биде дводневна и ќе се одржи на 06.09 (петок) во 16:00 часот и 07.09 (сабота) во 10:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Двата дела од работилницата ќе траат по 90 минути.

Работилницата ќе се одржи во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна: На маргините“.

 

БИОГРАФИЈА

Ненад Величковиќ (1962) е писател, публицист и професор по книжевност на универзитетот во Сараево. Ги објавил романите Коначари, Сахиб и Таткото на мојата ќерка, збирката раскази Ѓавол во Сараево; сатиричниот прирачник Вива Сексико и книгата Школокречина. Со улогата на книжевноста во образованието се бави во своите книги Дијагноза-патриотизам и Школокречина: национализам во босанските, хрватските и српските читанки.
Основач е и уредник на порталот и магазин Школегиум(https://www.skolegijum.ba/) . Тој е и еден е од иницијаторите на книжевниот фестивал „На пола пута“ во Ужице, а основач и уредник е на повеќе весници и списанија (Визија, Омнибус, Алчак, ФАН, Книжевени журнал, Школегиум, Текстура), иницијатор и уредник е на едицијата Лектира народу и колумнист за Дојче Веле.
Од 1999 до 2007 како косопственик на Книжевните работилници Омнибусуредил повеќе од 20 книги на домашни и странски автори. Моментално професионално е преокупиран со анализа и критика на образовните пракси и политики во Босна и Херцеговина и улогата на книжевноста во процесите на индоктринација.
Во 1986 година дипломирал на Философскиот факултет, на отсекот за југословенска книжевност и српскохрватски јазик, а магистрирал на теза Политичкот театар на Душан Ковачевиќ во 2006. Докторирал на Универзитетот во Сараево на тезата Идеолошката инструментализација на книжевноста на примери на читанки од петто одделение во основно до четврта година во средно училиште во Босна и Херцеговина.

ПРОГРАМА на фестивалот Друга приказна

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести